30 дизајнери во борба за награда од 300 илјади евра

13 февруари 2014

Simone Rocha Simone Rocha

Британските дизајнери Симон Роша, Меадхам Кирцхоф, Оствалд Хелгасон, Томас Tаит, Јанг Џи Ес Ли и Маркес Алмеида се финалистите за престижната награда од лондонските награди за најдобар млад дизајнер. Освен британските имиња, дизајнери од Њујорк, Париз, Милано, Украина, Нигерија, Индија, Кореа, Холандија и Русија, ќе се натпреваруваат за награда од 300 илјади евра, со која победникот ќе располага преку менторски мониторинг.

Ostwald Helgason Ostwald Helgason

-Беше многу тешко да се направи кратка листа од 30 млади дизајнери, вели генералниот менаџер Делфин Арно, кој ја предводи иницијативата, и додава дека е многу задоволен од бројот на кандидати и портфолијата што ги добиле.

Групата од 30 дизајнери вклучува и две имиња кои дизајнираат само машка облека. Крајните резултати од изборот на победникот ќе ги оценуваат експерти на 26-ти и 27-ми февруари.

Meadham Kirchhoff Meadham Kirchhoff

Објавено:
13 февруари 2014
Категорија: 
Актуел