30 стилски идеи за секој ден од септември

29 август 2022

Пред нас е септември. Месецот кога и календарски се збогуваме со летото и ја отвораме сезоната на есента. И тоа доволно кажува за сезонската трансформација која ни се случува во плакарот овој месец.

Честопати збунувачки и на средина меѓу затворени чевли и отворени сандали, а од друга страна, совршен месец за слоевити експериментирања со секојдневниот стил.

Пред нас се деновите кога има место и за летни и за потопли парчиња облека, кои со малку естетска умешност меѓусебе може добро да се искомбинираат така што ќе бидат и функционални и допадливи за око.

Носиме џинс, мантили, романтични фустани и кошули, патики, мокасини, сандали, дводелни костуми, носиме и многу боја и принтови и монохроматски сетови. Затоа што септември дозволува сѐ.

Фото: Пинтерест

Објавено:
29 август 2022
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.537 пати