3.1 Филип Лим го отвори првиот бутик во Европа

27 ноември 2013

Лондон му кажа добредојде на првиот бутик на американскиот дизајнер Филип Лим, кој всушност е прво отворениот на европско тло. Ексклузивната продавница е позиционирана на улицата Фелхам во јужен Кенсингтон, каде продажен простор има и Шанел, а во неа изложени се женски и машки колекции како и аксесоари.

 

Ко-партнерот и креативниот директор на Филип Лим, Вен Џоу изјавува дека приоритетна цел веќе подолг период им било да отворат продавница токму во Лондон, знаејќи дека Англичаните тоа многу го посакуваат. Инаку, дизајнерот Лим го основаше својот бренд  во 2005 година, а најголема заработка имаше во 2011 година од 60 милиони долари од продажбата само во Америка.

 

Ова нема да биде единствената продавница на Лим во Англија , тој многу наскоро планира кон средината на 2014 година да отвори уште една.

 

Објавено:
27 ноември 2013
Категорија: 
Актуел