31 комбинација на Марго Роби што би ја носеле и ние

2 јули 2021

Една од најпрогресивните актерки од новата генерација во Холивуд, Марго Роби, денеска го прославува 31 роденден.

Ѕвездата на „Suicide Squad", „Once Upon a Time... in Hollywood", „Bombshell", „The Wolf of Wall Street"... гради сериозна актерска кариера, а колку што е забележително нејзиното присуство на филмското платно, таа исто толку е интригантна и на црвениот килим.

Една од музите на „Шанел“, секогаш во изгледот остава простор за женственост и елеганција. Речиси и да нема модно промашување. 

Минимализмот е естетиката на која секогаш е потпира, без разлика дали нејзиниот избор се фустани или оделата, особено кога се работи за јавни појавувања.

Од друга страна, комбинациите во кои доминира нејзиниот приватен стил е комбинација на урбан и младешки изглед.

Ние одбравме 31 комбинација што би сакале да ја имаме во својот гардеробер. Марго Роби дефинитивно е наша инспирација денеска.

 

 

Објавено:
2 јули 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
2.705 пати