45 модни куќи му оддадоа почит на Албер Елбаз

7 октомври 2021

Модната недела во Париз беше вистинско модно возбудување после долга пауза. Речиси сите познати модни куќи беа дел од неа и ги претставија своите нови модни колекции на различни начини кои привлекуваа внимание.

Сепак, меѓу сите најемотивното шоу беше на AZ Factory, кое разбуди различни емоции и солзи кај присутните, предизвикани и посветени на прерано заминатиот Албер Елбаз.

Неговите пријатели, вкупно 45 вчера вечер му оддадоа почест и почит. Тие креираа 45 модни комбинации кои беа посвета ликот и делото на дизајнерот кој остана доследен и препознатлив за време на целото свое творештво. 

Многу од нив беа инспирирани од волуменозните кроеви и интензивните бои кои и самиот Елбаз ги носеше. Други пак, направија реинтерпретација на неговите легендарни креации, а некои пак инспирацијата ја најдоа во неговиот препознатлив лик.

За потсетување, основачот на брендот почина на 24 април годинава, како последица на влошена здравствена состојба предизвикана од ковид-19. 

Неговото заминување беше шок за модната индустрија, каде тој остави неизбришив траг, постелајќи ја сета своја креативност и визионерство, бидејќи со креациите честопати покажуваше дека е пред времето.

Во продолжение погледнете го емотивното модно шоу:

 

 

Објавено:
7 октомври 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
246 пати