5 пролетни модни комбинации од Елена Лука кои ги носиме сезонава

21 април 2021

За разлика од летото, каде едно фустанче го сочинува целиот изглед, пролетта има своја убавина бидејќи ни дозволува да комбинираме. Дождот во пролет кој ги замирисува улиците на липа, е одличен повод со себе да понесете јакна, бомбер, мантил, џемперче. А со тоа додавате слоеви кои ја отсликуваат вашата умешност да комбинирате во облекувањето.

Инспирирани од пролетната колекција на Елена Лука, нурнавме во богатиот гардеробер на куќата со цел да ви помогнеме умешно да ги комбинирате нивните парчиња. 

Создадовме комбинации со најактуелните модни трендови, со есенцијални модни парчиња облека, комбинации погодни за речиси секоја пригода. Само оваа среда, 21.04.2021, ископирајте го кодот SPRING20 при правење на Вашата нарачка на онлајн продавницата на брендот и ќе добиете 20% попуст на сумата. Важи само за онлајн купувачите!

Фустан + џинс јакна + мокасини

Принтовите се дефинитивно ин! Тоа го докажува и овој црн коктел фустан со златен принт кој во комбинација со кратка тексас јакна и црни мокасини може да го носите и на работа и на прошетка и на ручек со пријателките.

Фустан 8.200 денари ● Тексас јакна 2.300 денари ● Мокасини 2.800 денари

 

Ленен комплет + магента чевли + марама

Овие магента чевли се љубов на прв поглед! Штом еднаш ги пробате, веќе не размислувате за соблекување! Фантастичните чевли на потпетица ги комбиниравме со најудобниот ленен комплет од панталони и палто со балон-ракави, а сигурни сме дека нема потреба да ви објаснуваме колкав хит се балон-ракавите сезонава. Нежната бела на комплетот и вибрантната магента ги споивме со една од преубавите марами на „Елена Лука“ со цветен мотив. Совршен спој!

Комплет  7.500 денари ● Марама 1.800 денари ● Сандали 2.600 денари

 

Шорц + кошула + сребрени додатоци

Шорцот е есенцијално парче во гардероберот на секоја жена, а правилото гласи: Ако долу носите кратко, горе носете долго. Токму затоа, овој фантастичен шорц со висок струк во црна боја, го комбинираме со безвременската бела кошула со долг ракав. Зачинете ја комбинацијата со сребрени детали: чокер со срце и сандали на висока потпетица!

Кошула 2.600 денари ● Шорц 1.450 денари ● Чокер 1.200 денари ● Сандали 2.600 денари

 

Бела фустан-кошула + златни додатоци

Кога не знаете што да облечете, а не сакате да одите на варијанта мал црн фустан, тука е белата фустан-кошула. Долга и фантастично пролетна, може да ја комбинирате со сите бои. Ние се одлучивме за златни додатоци, па додадовме макси ланче и долгнавести обетки за гламурозен допир. Надополнивме со кроп јакна, која е сериозен тренд, во темна беж нијанса и завршивме со високи потпетици. Секојдневен гламур!

Фустан-кошула 2400 денари ● Обетки 720 денари ● Ланче 1.700 денари ●  Кроп јакна 3.100 денари ● Сандали 2.600 денари

 

Хеланки + дуксер + маичка

Удобноста ја одбележа минатата година, а тоа го прави и со оваа. Токму затоа избравме и една удобна комбинација која ќе ви дозволи долги прошетки со стил. Со вибрантен графички принт, се одлуливме за овие хеланки кои стојат фантастично, а ги искомбиниравме со црн дуксер (едно од најпродаваните парчиња на куќата) и маичка со краток ракав. 

Хеланки 1.500 денари ● Дуксер 2.400 денари ● Маичка 1.400 денари

Сите парчиња можете да ги најдете и во продавниците на брендот во ГТЦ на првиот кат и во населба Аеродром. 

Објавено:
21 април 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
906 пати
Тагови: 
Елена Лука