50-годишни супер жени!

12 април 2017

Во пресрет на летото сите се подготвуваме за сончање, одморање и по можност да изгледаме добро во нашиот омилен костим за капење.

Жените кои изгледаат совршено во својата педесет годишна возраст вежбаат постојано, внимаваат на тоа како се исхрануваат или ако баш сакате, се сакаат себеси .

Шерон Стоун има 59 години, изгледа совршено во својот дводелен костим за капење кој сме го заборавиле уште во 20-от век. Речиси секој ден вежба и нејзината тајна е во тоа што секогаш различно комбинира тренинзи, од проста причина да не и биде здодевно. Никако алкохол и шеќери!

Синди Крафорд (51) вежба 75 минути три пати неделно и таа рутина ја има уште од нејзините денови на супер модел. Јаде исклучиво риба, без црвено месо на менито и секако без слатки искушенија.

Кортни Кокс (52) напорно вежба пилатес, јога, кардио со играње. Има и свој личен тренер и не се откажува веќе 15 години.

Лиз Харли (51) е исклучок во низата и тврди дека никогаш не вежбала, но тајната е во тоа што легнува гладна, единствена физичка вежба и е пешачењето со своите кучиња.

Деми Мур (54) топи дури до 1000 калории и тоа со електрично кебе, а вели дека не сака многу да вежба.

Хали Бери (50) има дијабетис и многу внимава на исхраната, внесувајќи исклучиво природни шеќери, вежба напорно и секојдневно. Исклучила шеќер, бело брашно, а работи на многу кардио вежби и многу, многу стомачни.

Ел Мекферсон (53) трча боса на песок и практикува екстремни спортови по 45 минути секој ден. Не прашувајте и таа гладува!

 

Објавено:
12 април 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
2.192 пати