80 – годишен старец е модел со совршено тело

10 октомври 2016

Ако долги години размислувате да почнете со работата или хобито од соништата, тогаш денеска го имаме вистинскиот текст за вас кој можеби ќе ги „поттурне“ работите.

Овој 80 годишен, неверојатно инспиративен старец е доказ дека никогаш не е доцна да ги следите вашите соништа од кои никогаш не треба да се откажете.

Ванг Дешун веќе неколку години наназад покажува дека целите што ќе ги поставите пред себе, кога - тогаш ќе се остварат, само треба да бидете истрајни во намерата.

Минатата година овој шармантен старец за прв пат беше дел од Модната недела во Пекинг кога всушност и многумина го забележаа благодарение на неговото одлично тело кое е во неверојатна форма и на 80 години.

Во едно видео кое Ванг го сними неодамна, вели дека најзабавен момент му бил оној кога репортерите почнале да го интервјуираат и фотографираат нарекувајќи го неговиот успех „инстантен“.

Тој ќе каже дека воопшто не се согласува со тоа, бидејќи работел целиот негов живот за тој момент.

Ванг е роден во 1936 – та година во Шенјанг, град во Кина, а на 24 години станува локално познат актер.

Во текот на неговиот живот тој работел повеќе креативни работи, но најголем дел поминал обидувајќи се да го доведе и да го одржи неговото тело совршено.

Во продолжение погледнете го видеото кое ќе биде најинспиративната работа во која ќе уживате денес!

 

Објавено:
10 октомври 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
3.871 пати