81-годишен атлетичар е новото лице на Reebok

3 април 2017

Заштитно лице на новата кампања на спортската марка Reebok е 81-годишниот кинески атлетичар, Ванг Дешун.

Во Кина, Ванг стана вистински херој благодарение на неговиот натпреварувачки дух и на одлуката во својата 70-та година, да почне сериозно да се занимава со атлетика, додека со полни 79 години се појави и како модел на Модната недела во Пекинг.

„Тој е перфектен пример за тоа дека луѓето никогаш не се премногу стари за да ги остварат своите цели и соништа", велат од Reebok.

Со оваа кампања Reebok се надоврзува на низата, бројни кампањи на светски познати брендови кои ангажираат повозрасни лица со цел да укажат на нивната поента: годините се само бројка.

 

Објавено:
3 април 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
147 пати