9 црномурести африкански модели на насловната на „Вог“

14 јануари 2022

На насловната страна за февруари на британскиот „Вог" се најдоа девет црномурести африкански модели, со што насловната инстантно наиде на големо внимание.

Adut Akech, Anok Yai, Majesty Amare, Amar Akway, Janet Jumbo, Maty Fall, Nyagua Ruea, Abény Nhial и Akon Changkou се деветте манекенки кои позираа пред објективот на Рафаел Павароти, исполнувајќи ја мисијата на модниот магазин да ја изрази убавината на црнимурестиот тен и да покаже што всушност навистина значи глобално, земајќи ја различноста во фокусот.

Како што наведува „Вог" преку оваа насловна страна е претставена и новата генерација модели пред кои стои предизвикот да го редефинираат лицето на модниот свет.

Како стилист за насловната страна се потпишува самиот главен и одговорен уредник на британскиот „Вог", Едвард Енинфул кој по потекло е од Гана.

„За мене е тажно и срцепарателно кога гледаме како овие девојки кои се во подем, одеднаш ги снемува. Треба да обезбедиме тие да траат долгорочно. Треба да инвестираме во нив, да ги негуваме и поддржуваме", вели стилистот и уредник.

Едвард Енинфул, уредник на „Вог“

Ваквиот потег на „Вог" не е неочекуван, ако се има предвид дека модната индустрија врши се поголем притисок за инклузија на различностите во бизнисот, мислејќи на различната етничката, расната припадност, бојата на кожа, сексуалната ориентација, потоа вклучување на лицата со инвалидитети или со нетипичен развој, се со цел да ја покаже својата отвореност и либерален дух, за разлика од порано кога доминираше стереотипната селекција на моделите.

Објавено:
14 јануари 2022
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
314 пати