Адам Левин се вери со ангел од Викторија Сикрет

17 јули 2013

Пејачот на групата „Марун 5“, Адам Левин минатиот викенд ја запроси својата девојка, ангелот на брендот Викторија Сикрет, Бехати Принсло.

-Адам и Бехати се возбудени поради нивната веридба и идната венчавка. Парот неодамна повторно ја обнови врската, а Адам ја запроси Бехати минатиот викенд во Лос Анџелес, пишува во соопштениото за медиуми објавено од „Марун 5“.

Атрактивната манекенка и пејачот се забавуваат повеќе од една година, а неодамна во медиумите се пишуваше за неговите неверства поради кои накратко тој и Бехати беа скарани. Инаку, вереницата на Левин не е привиот ангел со кој бил, тој претходно беше во врска и со ангелите Ангела Белот и Ен Вјалитсина.

Објавено:
17 јули 2013
Категорија: 
Актуел