Адел има нов спот со гламурозни модни комбинации

13 јануари 2022

Адел вчера премиерно го претстави спотот за песната „Oh my God“ од нејзиниот најнов албум „30“.

После успехот со синглот „ Easy On Me“, баладата за која многумина тврдат дека е нејзината најдобра песна, Адел продолжи да ги презентира и другите песни.

Еден од нашите фаворити од нејзиниот албум е токму песната „Oh my God“, а спотот е снимен во театар, каде се менуваат разни кадри на актери и танчари.

Но, она што од моден аспект го привлече вниманието на магазините е изгледот на Адел. И покрај тоа што видео-записот е црно-бел, се гледа дека креациите што ги носи се гламурозни и се мини шоу од висока мода. 

Се појавува во црн тесен фустан со корсетиран горен дел, надополнет со широки ракави и панделка од транспарентен материјал со точки од дизајнерот Харис Рид, за потоа да се појави во брокатна креација со кожени ракавици од „Луј Витон“, специјално изработена за овој повод.

Последната креација што е носи е раскошен фустан исто така корсетиран, (оригинално во црвена боја, од луксузен сатен) со потпис на Вивиен Вествуд и тука нема грешка.

За сите стајлинзи има совршена фризура за која се погрижил Сем Мекнајт. 

Уживајте и во гласот и видеото:

 

 фото: @haris_reed; @adeleworethat; @sweetbabyjamie;

 

Објавено:
13 јануари 2022
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
396 пати