Адел за i-D Magazine

30 октомври 2015

Чекавме долго на новиот албум, но сега Адел не само што се врати туку и комплетно го зазема медиумскиот простор. Сепак, она за што најмногу се зборува деновиве, после нејзиното видео за најновата песна „Hello“ е интервјуто за зимското издание на i-D Magazine.

Конечно се појавија и фотографиите од фото-сесијата, зад која се потпишува Аласдаир Меклелан. Сите фотографии, вклучувајќи ја и насловната на магазинот се црно-бели. Инспирацијата на Меклелан била гламурот на 1960-тите.

Што се однесува до интервјуто, пејачката зборува за создавањето на новиот албум, но и за она што таа го нарекува живот.

вака изгледа насловната фотографија на албумот „25“

-Бев многу внимателна да не го направам „21“ повторно. Не ми беше намерата да напишам срцекршачки албум, затоа што не сум со скршено срце, но веројатно немаше да го надминам тоа што претходно го направив, па тогаш што е поентата? Исто така, тоа како се чувствував кога го напишав „21“ не вреди да се чувствувам повторно така – вели Адел во дел од интервјуто.

Во продолжение погледнете ги сите фотографии.

Објавено:
30 октомври 2015
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
968 пати