ЗА РАЗВОДОТ, НОВИОТ АЛБУМ, ИЗГЛЕД И МОМЧЕ

Адел за првпат на насловна на британскиот и американскиот „Вог“: Не бев среќна, никој не направи ништо погрешно

7 октомври 2021

Адел се враќа! А насловните страни на британскиот „Вог“ и американскиот вог само ги потврдија новостите. Ова е првпат во историјата една позната личност истовремено да се појави на две насловни страни на магазинот. Пејачката веќе најави нова песна, а се шушкаше дека подготвува и нов албум.

Во интервјуто за британското издание на модната библија, Адел официјално потврди дека има и нов албум, кој ќе биде поинаков од досегашните.

Таа за првпат се најде на насловна на овој магазин и тие ја имаа ексклузивата да поминат еден ден со неа. 

Покрај фотографиите, од „Вог“ направија и интервју во кое таа зборува за разводот, борбата со анксиозноста, за нејзиниот син, за губитокот килограми.

Во продолжение ви извдовјуваме дел од нејзините најинтересни изјави:

За разводот:

„Едноставно, не бев среќна. Ниту јас, ниту тој направивме нешто погрешно. Ниту еден од нас го повреди другиот или нешто слично на тоа. Едноставно, сакав син ми да види дека сакам и дека сум сакана. Тоа ми е многу важно“, вели пејачката, која додава дека Сајмон и таа некое време не функционирале добро, пред и другите да дознаат за тоа. „Оттогаш, бев на патување, сама со себе, да ја најдам мојата вистинска среќа“.

За проблемите со татко ѝ:

„Мојот терапевт ми кажа дека морам да седнам со седумгодишната верзија од себе, бидејќи таа беше оставена сама на себе. И дека морам да седнам со неа и да дознам како се чувствував додека растев. И проблемите со татко ми, кои ги избегнував. Имав проблеми, на пример - да не знаеш дали  некој што треба да те сака - те сака, и не си му приоритет додека си малечка. Се навикнуваш. Затоа, и моите врски со мажите, генерално, целиот мој живот беа: „Ти ќе ме повредиш, затоа е подобро јас да те повредам прва“. Тоа е токсично и ме спречува да најдам било каква среќа.

„Знам дека тој ме сакаше и двајцата го најдовме мирот пред да почине. Кога почина, имав некој вид физичка реакција. Стравот го напушти моето тело. Мојата мајка беше неверојатна кога канцерот на татко ми беше во крајната фаза. Таа беше таму со него и помагаше“.

За анксиозноста:

„Што ми помогна? Многу медитација, музика. Многу терапија (психотерапевт). И многу време за себе. Сепак, мислам дека теретаната беше клучот. Тоа стана мое време. Сфатив дека кога вежбам, не сум анксиозна. Никогаш не почнав да вежбам за да ги изгубам килограмите. Си мислев, ако можам да го направам телото физички посилно, можам така и да се чувствувам и да го видам тоа, можеби еден ден ќе можам и моите емоции и умот да ги направам силни. Инаку, почнав со вежби за грбот и стомакот. Имав лош грб и имав белег од царскиот рез и ништо друго.

 

За синот:

Еден од најтешките моменти го вклучуваат Анџело. Генерално, вели, разводот поминал добро, колку што може развод тоа да биде. Конецки живее преку улица, во куќа која Адел му ја купила и имаат заедничко старателство и имаат регулрна семејна кино-вечер. Дури и во најтурбулентните моменти, Адел имала верба дека ја прави вистинската работа.

„Ако можам да ја дефинирам причината зошто заминав, а тоа е за да достигнам своја среќа, иако тоа може да го направи Анџело несреќен - Ако можам да ја најдам таа среќа и тој ме види во таа среќа, можеби ќе си простам себеси за тоа што го поминува. Но, не можев да преминам преку болката што му ја нанесував. Еден ден, тој имаше само шест ипол години, застана и ми рече во лице: „Можеш ли да ме видиш?“, и јас му одговорив „Да“, а тој ми рече: „Затоа што јас тебе не можам“. Целиот живот ми се распадна во тој момент. Тој знаеше дека јас не сум присутна“, вели Адел, по што одлучила да има отворен разговор со Анџело за тоа што се случува. „Тогаш почнав да ги споделувам работите со него“.

„Тој има многу едноставни прашања, на кои јас не можам да одговорам, бидејќи не го знам одговорот. На пример, „Зошто не можеме да живееме сите заедно? 0 Затоа што тоа не е нешто што луѓето го прават кога ќе се разведат. - Но зошто не?, и јас сум во стилот „Не знам, тоа не е нешто што општеството го прави. А потоа продолжува - Зошто не го сакаш татко ми повеќе?, а јас му велам - „Го сакам татко ти, само не сум веќе вљубена во него“. Не можам да направам тоа да има смисла за 9 годишно момче“

За албумот:

Од сите овие причини, новиот албум ќе биде поинаков од сите претходни: „Сфатив дека јас бев проблемот. Сите други албуми беа во стилот: „Ти го направи ова, ти го направи ова, оди по ѓаволите“, а потоа сфатив дека јас сум водечката тема и дека можеби е до мене. Овој албум е за мене многу емотивен. Секогаш велам дека „21“ повеќе не ми припаѓа мене. Сите други земаа толку многу во своите срца од тој албум. Не го пуштам овој. Ова е мој албум. Сакам да ја споделам музиката со сите, но мислам дека овој албум никогаш нема да го пуштам“.

„Станав многу позната веднаш по смртта на Ејми Вајнхаус. А ја гледавме како ни умира пред очи. Бев загрижена дека работите можат да се отргнат од контролата и кај мене. Секогаш имав многу блиска релација со алкохолот. Секогаш бев фасцинирана од алкохолот. Тој го држеше татко ми подалеку од мене. Затоа, отсекогаш сакав да знам што е толку супер кај алкохолот. Но, различни личности излегуваат кога си пијан и еден мал пропуст, медиумите ќе го направат голема приказна. И те спуштаат, и спуштаат и спуштаат долу, што буквално те излудува. Смртта на Вајнхаус беше одлучувачки момент. Ја земав гиртарата поради првиот албум на Ејми. Таа ми значеше најмногу од сите уметници. Затоа што беше Британка. И затоа што беше неверојатна. И затоа што беше малтретирана. И беше многу забавна. Немам и не сакам да имам луѓе кои ќе го земат моето наследство, или мојата приказна од мене, кои ќе одлучат што смеам, а што не да оставам зад себе.

За новото момче

Со Пол се чувствува безбедно: „Не се чувствувам анксиозно или нервозно. Напротив, чувството е сосема спротивно. Лудо е... Јас сум 33-годишна, разведена мајка, со син, кој всушност командува. Последното нешто што ми треба е некој кој не знае каде е или што сака. Јас знам што сакам и исто така многу добро знам што не сакам.

Ние првин бевме пријатели. Тој постојано ми беше пред очи, но не го гледав. Немав намера да се појавам јавно со него. Само сакав да одам на натпревар. Обожавам да бидам околу него. Едноставно, обожавам. 

Објавено:
7 октомври 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
2.182 пати