Агенда на париската модна недела

23 септември 2013

Од  утре па се до 2-ри октомври во модната престолнина Париз или градот на светлината ќе се случуваат низа од ревии на врвни дизајнерски и имиња и модни куќи.  За девет дена во Париз ќе се промовираат 100 колекции, со што кулминацијата за пролет-лето 2014 ќе се случува токму во модниот епицентар. Fashionel  се разбира навремено ќе ви ги презентира сите сегменти  од големото случување, од модели на  писта, бекстејџ, улична мода, први редови и детален преглед на аксесоари.

 

Меѓу големите имиња чии колекции ги чекаме за промовирање се: Ентони Вакарело кој ќе се претстави на првиот ден од отворањето, Рошас,  Баленсиага, Карвен, Нина Ричи, Ланвин, Виктор и Ролф,  Вивијан Вествуд, Жан Пол Готје, Кензо, Селин, Живанши, Емануел Унгаро, Сен Лоран, Шанел, Валентино, Ирис Ван Херпен,  Александар Меквин,  Луј Витон, Миу Миу, Хермес. Овие имиња сигурно ви беа доволни за да претпоставите дека ќе се случува големо модно лудило. Следете Fashionel  и бидете поблиску до Париз!

Објавено:
23 септември 2013
Категорија: 
Актуел