Актери наместо модели како заштитни лица на 14 – тото издание на Моден викенд

19 септември 2016

Новата генерација на талентирани млади актери се заштитните лица на четиринаесеттото издание на Моден викенд Скопје кое ќе се одржува од 28 до 30 октомври, под мотото „Talent is a new sex“. 

Пред објективите на „Ани и Дими“, во улоги на модели влегоа Стефан Вујисиќ, Наталија Теодосиева, Владимир Петровиќ и Билјана Јовановска со што викендов започнаа подготовките за тридневното есенско модно случување. 

„Новиот милениум донесе една цела генерација на паметни, талентирани и храбри ѕвезди на театарот и киното. Ова поврзување на актерите и модниот свет е всушност поврзување на талентите, индивидуалноста, естетиката и креативноста од различни светови. Сакаме синергија на најдоброто од различните полиња на уметничкиот израз. “, велат организаторите на Моден викенд Скопје. 

За фризурите се погрижи тимот на „Cool Cut“ во соработка со „LAKME“ а за шминката Јована Коциќ во соработка со „GOSH“. 

Стајлингот на актерите го осмисли познатата модна блогерка Јована Зука со модните парчиња и аксесоари од „ Fashion&Friends“ и „Parfois“. Бекстејџ фотографиите ги потпишува Марина Трајковска. 

„Благодарни сме што Музејот на современа уметност во Скопје и „Smart Living“ ја препознаа нашата идеја и безрезервно ни овозможија да направиме фотографии кои ќе се паметат.“, додаваат организаторите.

Објавено:
19 септември 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
382 пати