Актери во улога на манекени

29 јуни 2013

Фотосесијата, зад која стои Дејвид Симс, помина во знакот на филмот. Протагонистите имаа одредена улога со цел да репрезентираат модерен маж кој има стил и смисла за хумор. Кристоф Волц внесе елеганција, Бен Вишав го претставува алтернативниот лежерен шарм, додека пак, Езра Милер внесе младост и доза на мистерија.

Оваа кампања е логично продолжение на патот на Прада, која оствари соработка и со Беницио Дел Торо, Арон Тејлор Џонсон и Харвеј Кејтел.

Објавено:
29 јуни 2013
Категорија: 
Актуел