Актерите од „Sex and the city“ до хероите во мантили: Ви благодариме од срце!

9 април 2020

Сара Џесика Паркер, Синтија Никсон, Ким Катрал, Кристин Дејвис и дел од остатокот од актерската екипа на хит серијата „Sex and the city" направија заеднички подкаст со емотивни пораки како морална поддршка за здравствените работници во првите борбени редови во војната со пандемијата.

Во пораката тие им се заблагодаруваат на сите медицински лица кои потпрени на своето знаење и професионалност, го ризикуваат својот живот за да го заштитат остатокот од светот.

Во аудио снимката дури посебно ѝ се обраќаат на докторката Мег, која што работи на интензивна нега, а е голем фан на серијата.

„Тоа што го работат Мег и нејзините колеги... Никогаш не сме ни замислувале дека ќе дојдеме во ситуација да го бараме ова од здравствените работници. Не знам како доволно да им се заблагодарам", вели Сара Џесика Паркер.

На ова Синтија Никсон, која имала лично искуство во болницата во која работи Мег, додава:

„Знам колку е неверојатна болницата во која работи Мег, ѝ го спасивте животот на мајка ми во 2001 година кога имаше срцев удар. Благодарам за тоа што го правите. Слушнав дека и твојот сопруг исто така е доктор. Вие сте нашите херои сега. Ве молам останете безбедни. Ви благодарам од дното на срцето".

Јавните личности масовно се органзираат за на различен начин да им пружат помош и поддршка на здравствените институции и работници во овие клучни моменти. Некои испраќаат морална поддршка, други донираат големи суми на пари, некои пак донираат опрема која им е неопходна... Човештвото се здружува во заедничка цел...

Објавено:
9 април 2020
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
365 пати