Актерката Елизабет Олсен: ,,Нема причина да ја посетите Србија!"

5 април 2021

Актерката Елизабет Олсен, сестра на близначките Мери Кејт и Ешли, во едно утринско интервју во САД изјави дека воопшто не била воодушевена од Србија како земја и дека таму нема ништо посебно да се види па нема потреба да се посети.

На ова, водителките изреагираа низ смеа посочувајќи ѝ дека имаат милионска српска публика, но на актерката изгледаше како тоа да не ѝ е важно. 

„Нема ништо уникатно српско, бидејќи се самостојна земја само 13 години. Тоа е само спој на сите оние кои претходно ја окупирале нивната земја“ изјави актерката.

Во едно друго интервју, таа кажува колку била разочарана од српската публика за време на нејзиниот престој таму и дека вопшто немаат култура зна однесување во кино. 

Објавено:
5 април 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
2.732 пати