Актерката Ема Стоун стана мајка!

26 март 2021

Ѕвездата од Круела, филмот кој со нетрпение го очекуваме, Ема Стоун стана мајка!

Актерката и нејзиниот сопруг Дејв Мекари според извори на ТМЗ станале родители на 13 месецов.

На јавноста се' уште не и' е познато дали станува збор за момче или девојче.

Режисерот Дејв и Ема Стоун се запознале во 2016 година, а заедно се од 2017. Се верија во декември 2019 година, чувајќи ја својата врска далеку од очите на јавноста.

Шпекулациите дека 32-годишната Ема е бремена започнаа кон почетокот на годинава, кога ѕвездата на LaLa Land беше забележана на улиците на Лос Анџелес, додека го гали стомачето. 

Во едно интервју за магазинот ЕЛ, Ема изјави дека како старее, така се менуваат нејзините желби во животот. 

,,Ако во тинејџерските години не можев да замислам да се омажам, сега сакам и сакам и да се остварам како мајка," рече актерката во пресрет на нејзиниот 30-ти роденден. 

Објавено:
26 март 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
887 пати