Активистка упадна на ревијата на Луј Витон во Париз

6 октомври 2021

„Луј Витон“ поинаку ја замислуваше презентацијата на својата последна колекција во рамки на последната модна недела во Париз.

Сепак, една активистка најде одлична шанса да го каже она што го мисли и она во што верува, ставајќи ја нејзината порака во центарот на вниманието, а со тоа и шоуто на брендот, но не во толку посакуван контекст за „Луј Витон“.   

Имено, една активистка и демонстраторка за зачувување на природата и противник на се' она што ги предизвикува климатските промени, членка на здруженијата „Amis de la Terre France “ и „Youth for Climate and Extinction Rebellion “, се качи на пистата и зачекори по неа, заедно со останатите модели, но со транспарент на кој пишуваше „Прекумерна потрошувачка = истребување“.

„Овој нејзин чекор предизвика вознемирување кај публиката, или кај поголемиот дел. Катрин Денев и Исабел Апер кои беа во првиот ред, не изреагираа никако, додека пак, некои од членовите на семејството Арно, кои седеле до челниот човек на LVMH групацијата, Бернард Арно, само се погледнаа меѓусебе“, вели очевидец за „Ројтерс“.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Outpump (@outpump)

На крајот, активистката била уапсена, пред да успее да избега, но генерално очигледно дека ова е голем пропуст за обезбедувањето, бидејќи таа не само што успеала да влезе, туку и зачекорила на писта. Други сметаат дека ова е „наместена работа“ и дека на овој начин добиваат сите - и оние што сакаат нивната порака да биде видена, а и Луј Витон, за чие шоу ќе се зборува и денови потоа.

Како и да е, после краткиот инцидент, моделите продолжиле да чекорат во пистата поставена во ходникот на „Лувр“ во ритмот на музиката со оргуљи и ѕвона.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by The Current (@thecurrentpk)

Инаку, како пренесуваат медиумите, овој „упад“ одлично се вклопил (иако од Луј Витон веројатно не мислат така) во панк естетиката која модната куќа ја презентирала преку искинатите сакоа и јакни, соголени раце, синџири и слично...

Од „Amis de la Terre France“ велат дека намерно одбрале тоа да биде ревија на бренд од  LVMH групацијата, за да се стави проблемот со прекумерната потрошувачка во центарот на вниманието.

"LVMH е светски лидер во луксузната мода и има одговорност, кога се работи за трендови кои постојано ја „буткаат“ текстилната индустрија да произведува повеќе и повеќе“, велат од здружението за „Ројтерс“.

Од групацијата се' уште не се огласиле со свој коментар за случката и пораката која овие луѓе сакаат да ја пренесат.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by mathishftr (@mathishftr)

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Maxime Hibon (@loeildeparis)

Објавено:
6 октомври 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
758 пати