Алекса Чанг ја објави својата прва книга

14 септември 2013

Кога моделот Алекса Чанг најави дека наскоро ќе ја издаде својата прва книга, не знаевме дали ќе пишува за својот беспрекорен стил или за нешто друго, но обожавателите сега дефинитивно имаат причина да се радуваат. Имено, книгата на Чанг ќе им овозможи богат поглед во нејзиниот живот и фотографии што дотогаш не ги виделе.

Иако целиот свет се радува на фактот што таа докажа дека и моделите се доволно интелигентни да напишат своја книга, сепак, таа не помина многу добро кај модните критичари.

Некои од нив дури и порачаа и дека најдобро е да си остане во професијата што најдобро знае да ја работи, и повеќе да не пишува книги.

Книгата на Чанг доаѓа под називот „ИТ“, има розови корици и е украсена со ракописот на Алекса и мала фотографија од нејзиното око.

Насловот првично бил замислен како шега, но со оглед на тоа дека таа е вистинска ИТ девојка, не можеме да кажеме дека не е соодветен.

„Напишав книга бидејќи ми беше здодевно и сакав покрај појавувањето на телевизија да имам дополнителна обврска на која ќе го насочам своето внимание“, вели Алекса.

Книгата може да ја најдете на Амазон по цена од 11 долари. Ги очекуваме вашите коментари по нејзиното читање.

Објавено:
14 септември 2013
Категорија: 
Актуел