Алекса Чанг ќе лансира уникатна деним колекција

26 јуни 2014

Иако пред неколку дена одличната Алекса Чанг објави „тизер“ на нејзиниот Инстаграм профил за нејзината последна дизајнерска соработка, сега е и официјално! Британската манекенка наскоро ќе дизајнира деним колекција во соработка со американскиот деним бренд Адриано Голдшмит.

Нејзината прва деним колекција ќе содржи околу 20 – тина парчиња, а истата ќе биде пуштена во продажба оваа зима.

Како што таа самата објави, во нејзината колекција ќе има тексас фустанчиња, маички и фармерки.

„Колекцијата е всушност оној дел што недостигаше од мојата замислена тексас колекција од соништата. Парчињата се секогаш инспирирани од доцните 60 – ти и раните 70 – ти“, вели Алекса.

Конретно, се очекува колекцијата да биде пуштена во продажба некаде кон средината на Јануари, а обожавателите на манекенката парчињата од истата ќе може да си ги нарачаат и преку Интернет.

Покрај инспиративните 60 – ти, Алекса вели дека одлична инспирација добила и кога ја посетила фабриката на американскиот бренд во Калифорнија.

„Мислам дека таа посета и тоа цело патување всушност беше многу инспиративно за мене и тоа беше една шанса преку која научив многу повеќе за тексасот, за изработката, но и за самиот бренд“, додава Чанг.

Парчињата од колекцијата се очекува да чинат од 70 па сѐ до 300 американски долари.

Објавено:
26 јуни 2014
Категорија: 
Актуел