Алекса Чанг е една од најпознатите светски трендсетерки со исклучително изострено чувство за мода и стил, па воопшто не е чудно што утрово нѐ дочека информација дека таа конечно лансира сопствен бренд.
По соработката со брендови како што се Tommy Hilfiger, Eyeko, Nails Inc., Marks & Spencer и AG Jeans, познатата британска девојка ги израдува сите со лансирањето на сопствен бренд.
Сосема едноставно, брендот ќе го носи името на Алекса, а првите резултати од нејзиното работење ќе можеме да ги видиме во мај 2017 година.
На девојките ширум светот трендсетерката ќе им прикаже модерна ready to wear линија полна со шик и стилски парчиња.
Во нејзината понуда ќе се најдат парчиња од тексас, дневна и вечерна облека, чевли, накит и некои специјални производи за кои таа сѐ уште не сака да говори.
Засега, во нејзиниот тим има шест млади и талентирани луѓе, а најзвучно име е Едвин Бодсон кој долги години беше прв човек на модната куќа Хајдер Акерман.
Првата нејзина колекција ќе биде достапна во стоковната куќа Селфриџ, познатиот француски ланец на продавници Лафајет, како и на бројни он – лајн страници.
Како што таа самата ќе изјави, цените на парчињата ќе бидат умерен со оглед на тоа што сака да ги види на сите девојки низ градот.
Извор: journal.hr