Александра Амброзио е „џинс мачка“ во новата Denim колекција на H&M

6 септември 2013

 

Сексапилна во фармерки, ни помалку ни повеќе туку супермоделот Александра Амброзио која позира за новата колекција џинс на брендот H & М, под мотото „Divided“. Богата палета на модели на фармерки кои се комбинирани со горни парчиња облека, како би се создала една целосна визија и моден совет кој со големи букви е напишан на фотографијата, и посочува на кој начин треба да се комбинира и носи одредениот дизајн на фармерка.

 

 

Тесни, широки во машки стил, со висок струк, со рамен крој, па дури и ѕвонести, на кои главно доминираат сините нијанси, но оваа сезона збогатени со темно сиви, црни и темно кафени тонови. Фармерките се најпосакуваното и најпопуларното парче облека на сите времиња, заради нивната универзалност, оригиналност и практичност, одговараат на сечиј вкус и стил, а ваше е само да одберете.

 

 

 

 

 

 

 

 

Објавено:
6 септември 2013
Категорија: 
Актуел