Амал Клуни на чекор до титулата „Британка со најдобар стил“

4 ноември 2014

Госпоѓата Клуни, последните неколку недели беше во центарот на вниманието поради модните парчиња што ги носеше, најчесто со потпис на Долче и Габана, Александар Меквин, Оскар де ла Рента, Џамбатиста Вали.

Токму поради беспрекорниот стил Амал е номинирана за наградата која го„ утврдува духот на британската мода, а се доделува на интернационалните амбасадори на Лондон, како креативна модна престолнина“.

+

Добитници на наградата „British Style Award“ беа пејачот Хери Стајлс и моделот Алекса Чанг, а оваа година, освен Амал, номинирани се и Бенедикт Вамбербатч, Идрис Елба, Хелен Мирен, Ралф Финес, Кир Најтли, како и Даглас Бут, Дејвид Бекам, моделите Дејвид Ганди, Кара Делевињ, Џордан Дан и Кејт Мос, а од музичарите Рита Ора, Тајни Темпа, Кејт Буш и други...

Сепак, оваа година на листата недостасува едно име, а тоа е Кејт Мидлтон, која минатата година се најде на престижниот попис. Доделувањето на „2014 British Fashion Awards“ ќе се одржи на први декември.

Објавено:
4 ноември 2014
Категорија: 
Актуел