АМАs: Џеј Ло како принцеза, Карди Би со златна маска, „Манескин“ во одела

22 ноември 2021

После една година пауза, вчеравечер во Лос Анџелес се одржани Американски музички награди со физичко присуство. 

Водителка на настанот беше Карди Би, која смени неколку модни комбинации за кои се зборува и ден потоа.

На црвениот килим се појави со златна маска и црна свечена креација од модната куќа „Скјапарели“, а на сцената ја видовме и во уметнички и во елегантни креации и сите до една умееше да ги носи и да изгледа доминантно. Дел од нив следат во продолжение:

А кога е изгледот во прашање, „Манескин“ повторно носеа „Гучи“, но овој пат ги видовме во одела. Четирите членови изгледаа идентично и мошне елегантно за нивното прво појавување на оваа музичка манифестација на која настапија со хитот „Beggin“. Промената која ја направија беше ефектна и одлично им прилега.

Џенифер Лопез која е позната по светкавите и доминантни креации, овој пат на сцената се појави во жена креација на „Долче и Габана“. Во фустанот од тул во беж нијанса со додаток за глава и лице, кој на крај заврши во публика, изгледаше како принцеза.

Меѓу оние што настапија беа ВТЅ, „Колдплеј“, Оливија Родриго.

Кога се наградите во прашање, ВТЅ и Меган Сталион доминираа. Корејската група ја освои наградата за изведувач на година победувајќи ги Аријана Гранде, The Weeknd, Тејлор Свифт, Дрејк и Оливија Родриго, како и наградите за поп група и поп-песна.

Меган Сталион е прогласена за омилена хип-хоп изведувачка, а ги освои и наградите за хип-хоп албум и трендинг песна „Body“.

 

Објавено:
22 ноември 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.534 пати