Американски актери ќе ги доделат CFDA наградите

29 мај 2014

Во пресрет на понеделничкото доделување на CFDA наградите,  објавени се имињата на презентерите што ќе ги доделат. Воедно, популарната млада актерка Лупита Њјонго на сцена ќе ја додели наградата за најдобар дизајнер на женска облека, актерот Џејмс Марсден пак, ќе врачи признание од категоријата за најдобр дизајнер на машка облека.

Американската актерка Кери Расел ќе биде пресентерот од категоријата за најдобар дизајнер во изработка на аксесоари. Исто така, во понеделник премиерно ќе биде прикажан и краток филм за годинешните номинации на Сваровски наградите, режиран од Клара Кулен. Водител домаќин од црвениот килим  ќе биде стилистот Бред Горески.

 

 

Објавено:
29 мај 2014
Категорија: 
Актуел