Легендарната уредничка на американскиот Вог и една од највлијателните личности во модната индустрија, Ана Винтур, меѓу другото е позната и по тоа што јавноста ретко кога може да ја види насмеана.
Фото: chicityfashion
Токму поради тоа што медиумите за неа го изградија култот на дама која никогаш не се смее, јавноста секогаш реагира кога ќе се појави нејзина фотографија со широка насмевка, како тоа да е нешто чудно и необично.
Но, кога не е под лупата на медиумите, да Ана се смее, па дури и игра.
Деновиве вирално се прошири видеото што актерката Селма Хаек го објави на својот Инстаграм профил. Снимено е на забавата во рамките на престижната Мет гала, на музички настап на Кети Пери. Во публиката меѓу сите познати гости, е снимена и домаќинката на настанот, Ана која ужива играјќи на својата журка.
Како би ги оцениле нејзините движења?