Ана Винтур одлучи: Ова се најдобро облчечени жени во 2019

26 декември 2019

На изминување на 2019 година, првата дама на магазинот „Вог“ ја направи листата на најдобро облечени жени во 2019 година.

А таа изгледа вака:

5.Зои Кравиц

 

4.Лејди Гага

 

3.Ријана

 

2.Наоми Кембел

 

1.Меган Маркл

Нема сомнеж дека Меган сосема издоминира годинава и направи посебно влијаније во модниот свет, но и врз економијата, бидејќи парчињата што таа ги носеше се продаваа експресно.

Лејди Гага доживеа вистинска трансформација годинава на секое поле. Дефинитивно може да се каже дека 2019 беше нејзина година во која го покажа својот уметнички раскош, но и софицстицираниот моден избор.

Наоми Кембел иако не беше меѓу личностите што најмногу ги гледавме годинава, сепак за Винтур е една од најдобро облечените, која со зрелоста совршено ги балансира сексапилот и дамскиот изглед. Годинава нè изненади со косата, покажувајќи ја својата природна должина. 

Имаше и попопуларни личности од Ријана во 2019 година, но за Винтур таа е секогаш беспрекорно облечена млада ѕвезда, која одлично се снаоѓа и како дизајнер и со тоа одлично ѝ одат модните игри.

Зои Кравиц е на петтото место, со својот уникатен моден израз.

Селин Дион

Нè изненади тоа што на листата не се најде и Селин Дион која беше вистински моден камелеон. Зендаја  во 2019 година имаше одлични изданија, исто како и Марго Роби и Шарлиз Терон, но и Џема Чан која буквално каде и да се појаваше оставаше силен впечаток. 

Шарлиз Терон

Гема Чан

Марго Роби

Зендаја

 Стилот на која позната личност вам ви остави впечаток во оваа 2019 година?

Објавено:
26 декември 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
10.440 пати