Ана Винтур во вториот ред на ревијата на Валентино

5 март 2014

 

Можеби за некој е банално и смешно, но сместувањето во вториот или трет ред на модните ревии, во голем дел го покажува и се одразува на вашиот статус во модниот свет. Во првиот ред секогаш седат реномирани уредници, стилисти, купувачи, познати личности и новинари и токму затоа фактот што Ана Винтур беше седната во вториот ред, предизвика големи реакции на интернет.

Сепак причината за ваквата промена е во тоа што Винтур го отстапи местото на новинарката Сара Мовер, која пишува рецензии за Вог, а бидејќи овогодинешната организација реши да го лимитира бројот на седишта за американскиот Вог, големиот тим мораше да се распореди и на вториот ред.

Објавено:
5 март 2014
Категорија: 
Актуел