Анџелина Џоли се соблече за Харперс Базар и ги откри емоционалните лузни

6 ноември 2019

Харперс Базар ја заокружува 2019 со Анџелина Џоли на насловната страна и фантастична фотосесија со актерката низ внатрешните страници, велејќи дека ја избрале неа за последниот број на магазинот годинава, затоа што едноставно нема друга како неа.

И да, фотографиите го потврдуваат тоа!

Во нив ќе го препознаете слободниот и револуционерен дух на Џоли, таков каков што го паметиме од периодот на нејзината младост.

„Моето тело помина низ многу промени последната декада, особено последните четири години и со себе ги носам и видливите и невидливите лузни, што го покажуваат тоа. Животот има многу пресврти. Понекогаш сте повредени, ги гледате тие што ги сакате во болка и не можете да бидете онолку слободни и отворени колку што посакува вашиот дух. Не е нешто ново или старо, но чувствувам како „ми се враќа" крвта во телото", вели Џоли во интервјуто за магазинот.

Разговорот продолжува на тема различност и како индивидуализмот и бунтовништвото го менуваат светот, а фотографиите се токму во тој контекст, поткрепувајќи го нејзиниот став: Ако никој не се бунтува, светот никогаш нема да се промени.

Целото интервју може да го прочитате овде.

Објавено:
6 ноември 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
694 пати