Ангела Меркел на ревијата на Рик Овенс

26 јуни 2015

rickowens-merkel-otvorna

Контроверзниот дизајнер Рик Овенс вчера ја презентираше најновата машка колекција за време на модната недела во Париз, но денешните наслови не се посветени на ревијата, туку на скандалот што ја следеше.

Имено, иако многумина би очекувале нешто такво лудо од дизајнерот, сепак Овенс овој пат беше изненадениот.  Еден од машките модели, Јера, кој веќе долго време соработува со дизајнерот, излезе на пистата држејќи во раце транспарент со порака упатена на сметка на политичарката.

„Ве молам, убијте ја Ангела Меркел“. Под пораката имаше и едно „Не“, што внесе дополнителна конфузија за тоа што сакал моделот да каже.

rick-owens-angela-merkel-xlarge

Рик Овенс е познат по тоа што предизвикува шок во модната индустрија, па на неговите ревии гледавме и танчерки, мажи што си ги покажаа гениталиите, но овој пат и тој беше шокиран.

Како пренесуваат странските медиуми, дизајнерот бил мошне изнервиран од ваквиот потег на моделот, не само поради тоа што успеал да го измами, туку и поради тоа што оваа колекција за пролет-лето ’16 е посветена токму на недопустливата агресија која упорно се пропагира како знак на мажественост. Рик до толку не го поддржувал ова што зад сцената го удрил Јера, кој е долгогодишна негова машка муза.

Рик Овенс Рик Овенс

„Рик Овенс не е одговорен за чинот на моделот на ревијата пролет-лето 2016. Ова беше независна порака која не ги презентира ставовите на модната куќа Рик Овенс“, се вели во официјалното соопштение кое пристигна набргу по ревијата од службата за односи со јавност на дизајнерот.

Објавено:
26 јуни 2015
Категорија: 
Актуел