Ангелите на „Викторија Сикрет“ се „смрзнаа“ позирајќи во Лувр

20 септември 2013

Лувр, еден од најпознатите музеи во светот, беше локација каде најубавите ангели позираа во долна облека, на повеќе од ниска температура. Градот Париз беше одредиштето што го изнајми овој популарен бренд, за сликањето на најновата колекција.

 

Адријана Лима, Александра Амбросио, Лили Алдриџ, Кендис Свенпол, Линдзи Елингсон, Карли Клос, Доцен Крос и Бехати Принсло, се моделите што ја создадоа новата рекламна приказна на „Викторија Сикрет“. Нивната заедничка изјава е кратка и јасна а гласи: „ Немаме зборови, туку само крила“, велат ангелите. Изјавата се однесува на впечатливите бели крилја што ги носат и се синоним за брендот. Овие топ модели вистинскиот спектакл ги очекува на 10-ти декември за кога е закажано новото шоу.

Објавено:
20 септември 2013
Категорија: 
Актуел