И додека ние „уживаме“ во пеколните температури, ангелите на Викторија веќе почнаа да се подготвуваат за Нова Година.

Некои од најубавите девојки од Викторија Сикрет меѓу кои и Алесандра Амбросио, Лили Олдриџ, Бехати Принсло, Стела Максвел и уште неколку други, моментално се во Рим каде ја снимаат новогодишната кампања за брендот.

Облечени во секси колоритни наметки, на своите профили на Инстаграм тие почнаа да објавуваат фотографии од снимањето за кое не се ни сомневавме дека ќе биде супер секси!

На некои од фотографиите можеме да ги видиме ангелите во секси црна долна облека, а токму таква фотографија објави прекрасната Лили Олдриџ на нејзиниот профил.

Покрај забавното снимање, девојките имаа време да се прошетаат и низ прекрасниот Рим, а и да лудуваат малку низ тамошните локали.

 

Објавено:
28 јули 2015
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
425 пати