Анѓела Јакимовска успешно се претстави на „Miss Globe 2020“

16 ноември 2020

Викендов во Тирана, Албанија се одржа изборот за „Мис ГЛОУБ 2020" со учество на 50 девојки од исто толку држави од целиот свет.

Македонија ја претставуваше 24-годишната Анѓела Јакимовска од Скопје која направи убав успех со пласманот во топ 15 кандидатки и на крајот по бројот на поени од стручното жири го освои одличното 7-мо место.

При тоа и на натпреварот „Head to head Challenge" ја освои титулата Втора придружничка, каде најсоодветен фактор беше интелигенцијата на девојките.

Победничка на изборот е претставничката на Косово, Прва придружничка убавицата од Русија (Сибир), а Втора придружничка е од Гана.

"Убавиците од целиот свет престојуваа три недели во Албанија каде освен туристичката тура која ја имаа во првите 10 дена, се подготвуваа за големото финале кое се одржа во големата сала на Олимпик Парк во Тирана. Изборот по 17ти пат во Албанија го организираше Deliart Association, овој пат во услови на пандемија, но како и секогаш максимално професионално и на ниво кое доликува на еден светски избор за убавина", изјави Мики Црнокрак, веќе 25 години Национален Директор за Македонија за изборот за Мис ГЛОУБ. Нашата претставничка на финалето носеше модели кои сама ги дизајнираше и плус од креаторките Лумние Локи и Соња Методиевска.

 

Објавено:
16 ноември 2020
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
225 пати