Армани ќе претстави нов дизајнер на модната недела во Милано

26 мај 2014

Џорџо Армани продолжува со поддршката за млади италијански дизајнери, чиј талент се обидува да го претстави во рамките на модната недела во Милано.

„Горд сум што сум одбран од страна на една од најголемите модни икони на денешницата, Џорџо Армани. Неговиот стил, кариера и начин на живеење отсекогаш биле инспирација за мене. Се надевам дека ќе направам спектакуларно шоу за паметење бидејќи ова е голем чекор за мојата кариера“ – изјавил Кристијан.

Вметнувањето на ревија на млад дизајнер во текот на модната недела носи големи бенефиции. Минатиот пат ревијата на Стела Џин беше една од најочекуваните и покрај учеството на големи имиџа, а Армани покрај тоа што ги подржува младите дизајнери, од ноемвври минатата година стана дел и од италијанската модна комора.

„Сакам да промовирам млади дизајнери кои знаат како да искористат шанса која им нуди да излезат од анонимноста. Интересни ми се визиите и енергијата која тие ја вметнуваат на патот кон успехот“ – изјавил Армани.

Објавено:
26 мај 2014
Категорија: 
Актуел