Армани се впушти во гигантски архитектонски проект

29 мај 2014

century5

Армани Груп објави детали околу нивниот последен архитектонски проект наречен како „Century Spire“, луксузните станбени единици кои ги гради во партнерство со агенцијата за недвижнини Century Properties.

Проектот беше најавен во ноември, а се очекува да биде завршен кон крајот на 2018 година.

- Многу сум среќен и задоволен од оваа соработка и сметам дека комбинацијата на моја визија со онаа на Даниел Либескајнд ќе доведе до градба, со вистинска елеганција и уникатен шарм, на специфично место - вели Џорџо Армани, претседателот и извршен директор на истоимената група.

За проктот, Армани смисли смел дизајн за 60-катница, која во врвот се „отвора“ како цвет. Зградата ќе содржи 500 стана, поделени во осум различни типа, од приземје до поткровје, а најпрестижните ќе бидат на последните катови. Секој од типовите апартмани има различна палета на бои - од сива и сина до зелена и светло златна. Од благородните материјали се користат оникс, листови од бело злато и палисандрово дрво, а како замена може и дрво и тапети од природни влакна.

Во продолжение видете како ќе изгледа оваа луксузна зграда:

century1

century2

century3

century4

Објавено:
29 мај 2014
Категорија: 
Актуел