Армани во нова филмска авантура

21 мај 2014

gone-with-the-bullets-1

Армани честопати се впушта во „филмски“ авантури, учествувајќи во создавањето на костимографијата. Неодамна имавме можност да ги гледаме оделата на оваа куќа во остварувањето „Волкот од Вол Стрит“, а сега Армани се впушта во нова, кинеска авантура насловена како „Gone with bullets“.

Остварувањето е во режија на Јианг Вен, а дејствието се случува во 1920-тите години во Шангај. Дизајнерот, односно брендот е задолжен за костимите на ликовите, како и за изгледот на пет од актерите, како и режисерот.

„Многу сум среќен што имам можност да соработувам со Јианг Вен, еден од најдобрите режисери, како и со актерите од Кина. Секогаш сум бил фасциниран од источните метрополи како Шангај, од нивниот уникатен стил и шарм, што поседува микс минатото и иднината, взаемно дејство од Источните и Западните традиции.

Премиерата на филмот е закажана за 18.Декември во Кина.

gone-with-the-bullets-3

gone-with-the-bullets-4

Gone-With-The-Bullets-6

Gone-With-The-Bullets-7

Објавено:
21 мај 2014
Категорија: 
Актуел