Тие обожуваат да бидат во фокусот на вниманието. Неслучајно ги носат карактеристиките на кралот на џунглата :) Од денеска па до 22. Август е периодот на астролошкиот знак Лав.
Имиџот на родените во знакот на Лав е огледало на нивниот темперамент.
Рутината и монотоното темпо не им е во прилог, токму затоа се во постојана потрага по промена и експериментирање со нешто ново и непознато, вклучително кога е во прашање и нивниот стил.
Лавовите сакаат да бидат забележани! Во секој аспект на нивниот живот, а модата не е исклучок.
Токму затоа уживаат во својот имиџ да комбинираат животински принтови, еко крзно, кожа, свила и сите оние материјали, дезени и принтови што привлекуваат внимание.
Во прилог на оваа нивна карактеристика, многу често одбираат драматични бои како црвена, златна или црна.
Она што е клучна карактеристика на нивниот имиџ е тоа што својот личен стил го користат како форма на изразување на нивното расположение или емоции.
Во однос на модните додатоци, дамите родени во знакот на Лав обожуваат високи потпетици – колку повисоки толку подобро. Златниот накит е на врвот на нивната листа омилени аксесоари, како уште еден момент што ги носи во центарот на вниманието...
И секако, обожуваат шопинг!
Меѓу познатите родени во знакот на Лав се и: Мадона, Џенифер Лопез, Барак Обама, Џенифер Лоренс, Шарлиз Терон, Мик Џегер...
Мадона
Барак Обама
Џенифер Лопез
Џенифер Лоренс
Шарлиз Терон
Мик Џегер
Фото извор: Пинтерест