Авон ја одбра Меган Фокс за заштитно лице на новиот парфем Инстинкт

26 септември 2013

Неодамна компанијата Авон Македонија ја одржа својата седмата по ред Национална конференција, која оваа година беше одбележана под мотото „Ти го создаваш успехот“ и на која беше промовиран новиот парфем Инстинкт чие заштитно лице е холивудската актерка Меган Фокс.

 

“Кога Авон ми предложија да бидам заштитно лице на Инстинкт, бев возбудена од можноста да го претставувам овој парфем. Навистина се радувам што денес сум дел од овој бренд”, објаснува Меган.

Во рамките на свечената манифеставија, Авон пред присутните за прв пат ја обелодени и соработката со модната дизајнерка Антонија Ристовска, која почнувајќи од октомври ќе се појавува во брошурите на Авон како „советник за убавина“.

 

По повод оваа соработка, дизајнерката на настанот се претстави со модна ревија која вклучуваше модели од повеќе колекции.

 

 

Објавено:
26 септември 2013
Категорија: 
Актуел