Аврил Лавињ и Killstar објавија нова заедничка колекција

30 август 2022

Поп-панк иконата, Аврил Лавињ ги здружи своите сили со британскиот алтернативен бренд за облека  Killstar за дизајнирање на нова модна колекција.

По објавувањето на нејзиниот седми студиски албум „Love Sux", Аврил учествуваше во дизајнирањето на оваа нова колекција на облека која вклучува голем број уникатни модни додатоци во розова боја.

Фото: kerrang.com

„Носам парчиња од Killstar веќе со години, така што оваа соработка беше сосем логична", вели Аврил. „Ми се допаѓа облеката на Killstar бидејќи е панк и храбра, но во исто време женствена. Killstar ја зеде мојата креативна визија и ја оживеа со опипливи парчиња кои се толку кул. Многу сум возбудена што ќе им ја донесам оваа летна колекција на моите обожаватели преку лесни парчиња кои изгледаат храбро во исто време", додава таа, потенцирајќи ја својата возбуда поврзана со едно конкретно парче - макси фустанот наречен RIBCAGE.

Фото: kerrang.com

„Многу е лесно да се искомбинира за секаква пригода. Друго парче што го сакам е куферот TOMB во розова боја. Толку многу ми се допаѓа, што го зедов со себе на пат", вели Аврил.

Фото: kerrang.com

Фото: kerrang.com

Објавено:
30 август 2022
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
144 пати