БАФЕ го објави конкурсот за млади дизајнери

26 февруари 2016

Модната организација БАФЕ (Balkan Art Fashion Event) го распиша регионалнио конкурс за млади модни дизајнери. Конкурсот е отворен до 10-ти април и наменет е на креативците од 18 до 35 години од Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Македонија, Словенија и Србија.

Тимот на БАФЕ ќе одбере 40 млади дизајнери на кои ќе им даде шанса да ја прикажат својата работа на белградската манифестација, која во мај годинава ќе се одржи по осми пат. Целта е стручната и поширока јавност да се запознае со творештвото на младите автори и да им пружи поддршка во промовирањето на својата работа.

Пријавата треба да содржи CV на авторот, скици од модните колекции или фотографии од реализираните парчиња во JPG или PDF формат. Заинтересираните дизајнери апликациите со назнака „За конкурс 2016“ можат да ги пратат на мејлот: bafeevent@gmail.com

Во претходните седум изданија, на БАФЕ се претстација стотина млади креативци, кои ги прикажаа своите креации и талент во рамки на повеќе од 80 самостојни и групни ревии.

За оние што првпат се сретнуваат со БАФЕ, повеќе информации можат да најдат на нивниот официјален сајт или фејсбук страна.

Објавено:
26 февруари 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
448 пати