Бакингемската палата најави истрага: Меган Маркл ги малтретирала вработените во Кенсингтон

4 март 2021

Бакингемската палата најави истрава околу наводните обвинувања дека Војвотката од Сасекс, Меган Маркл ги малтретирала вработените, и додадоа дека се многу загрижени околу овие обвинувања.

Оваа изјава на палатата е резултат на веста која весникот Тајмс ја објави, дека Меган се соочила со жалба за силеџиство против неа, во периодот кога ги извршувала своите кралски должности.

Според Тајмс, жалбата потекнува од октомври 2018 година, а весникот случајно деновиве добил емаил од вработен во палатата, каде се наведува дека Меган со своето однесување натерала двајца вработени да си заминат, а кон трет се однесувала со непочитување и ја потценувала неговата самодоверба.

Во официјалната изјава на Бакингемската палата за целава работа стои: Сериозно сме загрижени за обвинувањата во Тајмс од страна на поранешни вработени, а упатени кон Војводата и Војвотката од Сасекс. Согласно тоа, нашиот тим за човекови ресурси ќе ги разгледа околностите потенцирани во статијата. Вработените, заедно со оние кои веќе не работат во палатата, ќе бидат повикани на разговор. Кралското домаќинство има правило за ,,Достоинство на Работа" веќе долги години и никогаш не било и нема да биде толерирано малтретирање на работното место.

Портпаролот на Меган изјави дека на поранешната војвотка е многу тажна поради овие обвинувања и дека како некој, кој и самиот во минатото бил жртва на силеџиство, никогаш никого не би малтретирала и дека и во иднина ќе продолжи да се бори и да дава позитивни примери и да се стреми светот да биде место полно сочуство.

Меган и Хари ја напуштија Палатата Кенсингтон во 2020 година, а оваа година потврдија дека нема да им се вратат на кралските должности. Во 2019 го добија синот Арчи, а на 14 февруари годинава објавија дека го очекуваат своето второ дете. Во недела премиерно ќе биде прикажано интервјуто кое двојката го даде на Опра Винфри, а кое се најавува како целосно откривање на вистината.

Објавено:
4 март 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
922 пати