Balkan Art Fashion Event: Моден настан за цел регион

18 ноември 2014

1012909_724899447594704_1097819853647562593_n

Од 25-ти до 29-ти ноември Белград ќе биде домаќин на модната манифестација Balkan Art Fashion Event. Младите дизајнери од Србија и регионот, како и српски познати блогери и стилисти активно ќе усчествуваат во програмата, која вклучува ревии, работилници и изложби, пренесува Ел Србија.

Главната цел на овој настан е запознавање на јавноста со новата генерација на млади модни создавачи од Србија и земјите од регионот. Посебно внимание се посветува на поттикнување на развојот на авторите кои модата и облекувањето не го сфаќаат само како една гранка на индустријата, туку и како уметнички перформанс кој се одвива на модна писта, но и на улица.

Според програмата, првите два дена ќе бидат резервирани за дизајнерите од Италија, Хрватска и Србија, кои пред публиката преку ревија ќе ги претстават своите најнови колекции. Третиот ден пак, ќе биде посветен на ревиите на дизајнерите од Црна Гора, Босна и Херцеговина и Србија.

10620011_731535056931143_6850834838430558078_o

Блогерката Јелена Вишњиќ на четвртиот ден ќе одржи предавање за тоа колку е важно да се следи сопствениот инстинкт и инспирација кога модата е во прашање.

Дизјанерката Марина Миќановиќ, која беше гостинка и на последното издание на Модниот Викенд во Скопје, заедно со студентите на Mod’Art ќе прикажат концептуален поглед на модата преку изложбата насловена како „Live dools“.

Петтиот ден е организиран за изложбата на фотографии „Случајни пролазник“ на авторката Ивана Илиќ. Преку оваа изложба таа сака да ја покаже сета разновидност и необичност на обичните луѓе во градскиот превоз, видени преку окото на еден костимограф.

Комплетната програма можете да ја видите и овде.

фото: Фејсбук

Објавено:
18 ноември 2014
Категорија: 
Актуел