Балкански дизајнери на Модната недела во Њујорк

23 август 2016

Соработката на Модната недела во Србија со онаа во Њујорк продолжува и оваа сезона со претставување на тројца српски и двајца црногорски дизајнери на престижната недела на мода.

Истата ќе се одржи од 11 до 15 септември во Њујорк, а на истата своите креации ќе ги прикажат Василије Ковачев, Бата Спасојевиќ и Весна Милошевиќ од Србија, како и Сања Бобар и Ибрахим Вукељ од Црна Гора.

Во истиот ден кога на њујоршката модна недела ќе се претстават големите дизајнерски имиња како Калвин Клајн, Томи Хилфигер, Херв Леџер, Вера Ванг и други, честа да настапат ќе ја имаат и Сања Бобар и Ибрахим Вукељ од Црна Гора.

Нивните српски колеги своите нови колекции ќе ги претстават на затворањето на модната недела, односно на 14 – ти септември.

Во чест на дизајнерите на њујоршката модна недела, Конзулатот на Србија во Њујорк ќе организира свечен прием и изложба на 13 – ти септември, кога присутните ќе имаат можност да се запознаат со работата на Бата Спасојевиќ, Василије Ковачев и Весна Милошевиќ.

Објавено:
23 август 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
191 пати