Балканското видео против говор на омраза, доби преку 2 милиони прегледи

12 април 2021

Христина Поповиќ, Северина и Горан Богдан ги толкуваат главните улоги во видео записот со наслов „Hejt, SLOVEni“ кое за 24 часа доби повеќе од 2 милиони прегледи на YouTube.

Видеото е идеја на магазинот Buka од Босна и Херцеговина и е дел од кампањата против говорот на омраза, која ја реализира магазинот. 

„Темата на видеото е инспирирана од слоганот Hej, Sloveni, кој е претворен во Hejt SLOVEni бидејќи омразата стана најнормална работа, како Добар ден. Видеото покажува колку сме навикнале на говорот на омраза, а знаеме колку е опасен и какви страшни последици може да има,“ вели уредникот Александар Трифуновиќ.

Режијата на видеото ја потпишува филмскиот режисер Предраг Личина.

 

Објавено:
12 април 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
2.041 пати