Балот во Монако во знакот на рускиот конструктивизам предводен од Лагерфелд

18 март 2014

Карл Лагерфелд ја има честа да го декорира ентериерот на најпознатиот бал на розите „Rose Ball“ што секоја година традиционално се одржува во кралството Монако. Годинешното издание на оваа манифестација ќе се одржи во преубавата ѕвездена сала „Salle des Etoiles“ во Монако, а гостите ќе можат да уживаат во амбиент инспириран од ерата на конструктивизмот што својата кулминација ја доживува во Русија.

 

Принцот и Принцезата од Монако Принцот и Принцезата од Монако

„ Rose Ball“, е настан на кој што присуствуваат луѓе кои му припаѓаат на високата општествена класа, а се одржува во корист на „Princess Grace Foundation“, која е добротворна организација за поддршка на различни здравствено педијатриски иницијативи , а годинава слави јубилеј од 50 години. Покровители на манифестацијата ќе бидат Принцот Алберт,  Принцезата од Монако и Принцезата Каролина од Хановер, а ќе се одржи на 29 март.

Принцот и принцезата од Монако, Херман Балбекер и Карл Лагерфелд. Принцот и принцезата од Монако, Херман Балбекер и Карл Лагерфелд.

Карл Лагерфелд треба да ја осмисли креативната експертиза на настанот, а е избран од страна на Принцезата од Хановер, која е претседател на фондацијата, во чија чест се одржува овој гламурозен настан. Имено, таа инсистирала на балот да му се даде една малку покреативна насока во однос на дизајнот и да се смени политиката во поглед на декорот.

Карл Лагерфелд во друштво на принцезата Каролина од Хановер Карл Лагерфелд во друштво на принцезата Каролина од Хановер

Лагерфелд, заедно со Принцезата од Ханофер решија годинешната тема на балот да биде „руска“, црпејќи инспирација од ерата на конструктивизмот, правец кој што во суштина претставува  артистично, архитектурно и духовно движење, кое е многу популарно во Русија во раните години на дваесеттиот век. Во склоп со тематските содржини ќе биде и оддавањето на почит на ликот и делото на Казимир Малевич,  руски сликар и теоретичар, но и главната движечка сила на конструктивизмот како правец, кој подоцна ги поставил темелите и на супрематизмот.

Принцезата Каролина од Хановер Принцезата Каролина од Хановер

Користејќи ги заштитните елементи со кои се одликува конструктивизмот како движење, Карл декоративната фаза ја надополни со геометриски фигури и ѕидови со чисти бои. Таванот ќе биде поткрепен со голем број светлечки инсталации во вид на правоаголници, кругови и прави линии. Фоајето ќе биде украсено со големи екрани на кои ќе се менуваат најразлични фотографии од луксузните балски покани, кои се исто така дизајнирани од модниот крал.

 

Објавено:
18 март 2014
Категорија: 
Актуел