Бар Рефаели и Адријана Лима изгледаат совршено во новата фотосесија за Харпер Базар
•
3 октомври 2013
Прекрасните манекенки Бар Рефаели и Адријана Лима изгледаат едноставно совршено во новата фотосесија за магазинот Харпер Базар инспирирана од Ромео и Јулија.
И двете се подеднакво секси позирајќи во шик парчиња од Бурбери, Ланвин, Шанел, Прада, Диор и Миу Миу, во друштво на згодни мажи.
Покрај овие две прекрасни манекенки, во фотосесијата што се очекува да биде објавена во ноемвриското издание на магазинот, се појавуваат и Миранда Кер, Ирина Шајк, Џесика Харт и други.
Овој интересен едиторијал со некои од најпознатите модели на денешницата се очекува да биде објавен во сите 29 изданија на магазинот, во вкупно 45 земји.