Барби и Кен се новите „клиенти“ на „Балман“

18 март 2021

Оливие Рустенг неодамна ја презентираше новата машко-женска колекција за есен 21. Тоа го стори на аеродром.

„Не знам каде ќе одиме, но знам дека ќе одиме. Целта не е дестинацијата, туку самото патување, заминувањето и бегањето“ изјави дизајнерот тогаш.

Но, оваа патувачка приказна сега добива свое продолжение.

Меѓу новите „клиенти“ на брендот се Барби и Кен. 

Имено, креативниот директор на „Балман“ ги покани да бидат единствената публика на последната ревија, а имаше за задача да се погрижи за нивниот нов стајлинг.

Резултатот од новата соработка се  пастелни одела во препознатливата естетика на брендот и додатоци инспирирани од манијата по логоа. 

Знаејќи дека овие комбинации можат да им се допаднат и на големите, дизајнерот одлучи дел од нив да бидат достапни и во реална големина.

“Додека растев, немаше многу кукли кои презентираа различна убавина, затоа ми се допаѓаше идејата да создам такви што ќе презентираат различна и поинаква убавина“, вели тој.

Инаку, „Барби“ куклата месецов прославува 62 години постоење, а дури и со оваа соработка модниот бренд продолжува со темата која се провлекува во колекциите со потпис на Рустен - традиционалното наследство на куќата и проблемите/појавите во модерното општество.

 

Објавено:
18 март 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
532 пати
Тагови: 
Балман барби